Еден маж е убиен со нож пред џамија во центарот на Лондон, пренесуваат британските медиуми.
Централната џамија во Лондон е блокирана откако во нејзина близина бил пронајден маж со убодни рани, јави „Анадолија“. Полицијата набрзо во и околу џамиијата започнала акција за да ги фати осомничените лица, кои наводно побегнале и се сокриле во џамијата. Во акцијата учествуваше и хеликоптер, кој кружеше над џамијата.
Повредениот човек подоцна во болница им подлегнал на повредите, додека наводно двајцата напаѓачи сè уште се во бегство. Сомалиецот Мухамед Јусуф, еден од верниците кои често ја посетуваат џамијата во Лондон, рекол дека две лица нападнале еден човек, по што се сокриле во џамијата.
Полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со тероризам.