Индија разнесе свој хеликоптер обидувајќи се да собори пакистански авиони, 7 загинати

Во сцената како од „Toп ган”, Индија соборила свој хеликоптер со проектили насочени кон пакистанските авиони што навлегле во нејзиниот воздушен простор, пренесува РТ.

Малку повеќе од еден месец откако индиските власти тврдеа дека откриле 25 пакистански борбени авиони кои се обидувале да го нарушат индискиот воздушен простор, одбранбена ракета лансирана за време на инцидентот сериозно ја промашила својата цел.

Индиски „Економик тајмс“ објави дека ракетата била истрелана кусо пред дападне хеликоптерот „Ми-17 V5“ кој бил на рутинската мисија, што доведе до шпекулации дека Индија случајно го уништила сопственото летало. Шест војници на воздухопловните сили беа убиени во несреќата,а еден цивил загина откако беше погоден од остатоците од леталото.

„Последните моменти пред падот, вклучувајќи ги го фактот дали биле вклучени системите ИФФ, внимателно се разгледуваат за да се утврди што тргнало наопаку”, објави „Економик тајмс“.

Нивните извори велат дека е можно дефектот да резултирал со грешка во системите за таргетирање кои погрешно го „замениле“ хеликоптерот со беспилотно летало за напад. Очевидците, исто така, слушнале гласна експлозија во воздухот во времето кога паднал хеликоптерот.

Гломазниот хеликоптер „Ми-17 V5“ вреден 17 милиони долари не појавува сериозни технички грешки. Опремата е исто така прилично нова- првиот хеликоптер беше ставен во употреба во 2012 година.

Освен можноста од технички дефект кај ракетата произведена во Израел, високи извори во воздухопловните сили испитуваат дали е одговорен некој од персоналот, кој во таков случај би одговарал пред воен суд поради фаталната грешка.

Наводниот прекуграничен воздушен напад се случил еден ден по индискиот воздушен напад врз осомничена терористичка инфраструктура на територијата на Пакистан.

Индија одамна го обвини Пакистан дека е засолниште на милитантите од терористичката група Џаиш-е-Мохамед (ЈеМ) , осомничена за бомбашкиот напад во кој загинаа 44 членови на Централната полициска резерва претходно годинава.

Исламабад негира дека JeM има инфраструктура поставена во областите што Њу Делхи ги посочи како можни локации на терористички камповиза обука, па дури и понуди да им дозволи на индиските службеници сами да ги проверат сомнителните локации.

Треба да знаете
Последни објави