Ливерпул на официјалната веб-страница објави дека ќе ги замрзне цените на билетите и сезонските билети за следната сезона. „Црвените” не ги покачуваат цените четири последователни сезони.
Цената на најевтините билетите за еден натпревар на „Енфилд” како и до сега ќе бидат девет фунти за средби од Премиер лигата, ФА купот и европските купови. Околу 10 илјади билети ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Покрај тоа, клубот ќе продолжи да ги поддржува училиштата во областа Енфилд и ќе обезбеди 1.000 бесплатни билети за секој домашен натпревар во Премиер лигата следната сезона.
Ливерпул во моментов е водечки во пласманот на шампионатот во Англија, со два поени пред Манчестер сити кој има натпревар помалку.