Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека Вашингтон никогаш нема да ги укине економските санкции против Москва.
Тој објаснува дека тоа е политика, која тие ја заговараат многу години наназад.
-Можам искрено да ви кажам, тие никогаш нема да ги укинат санкциите кон Русија, затоа што нивната политика е таква – барем 100 години наназад – базирана на континуирана употреба на санкции против нашата земја, без разлика како се вика таа – Советскиот Сојуз или Руската Федерација, изјави Медведев.
Тој, одговарајќи на прашања поставени на социјалната мрежа ВКонтакте, истакна дека не постои „ниту еден историски период во кој воопшто немало какви било санкции”.
Медведев оцени дека ставот на Вашингтон е за жалење, бидејќи „до одреден степен ја поткопува меѓународната соработка и нè спречува да работиме заедно со САД за решавање на клучните прашања во врска со глобалната безбедност и економскиот развој”.