Рускиот сенатор, Алексеј Пушков, го потсети, Доналд Трамп дека Венецуела не е 51. држава на САД, коментирајќи го барањето на американскиот претседател, Русија да ја напушти латиноамериканската земја.
„Не е јасно од каде Трамп може да бара било што од нас. Венецуела не е 51. држава на САД“, напиша Пушков на „Твитер“.
Тој нагласи дека прашањето за присуството на руските војници во Венецуела го решава венецуелската влада, а не претседателот на Соединетите Американски Држави.
„Ако тој така сака да заработи алиби кај своите непријатели, треба да знае дека нема да го заработи. Тие се подготвени да го изедат жив во секој случај“, наведе Пушков.
Трамп на 27. март побара од Москва да ја напушти Венецуела и додаде дека Вашингтон ги разгледува сите можни варијанти за реализација на таквото сценарио.