Косовскиот претседател, Хашим Тачи на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во селото Избица, порача дека Косово никогаш нема да го заборави геноцидот кој Србија го извршила во последната војна, иако тие злосторства некој во светот се труди да бидат заборавени.
„Се потсетуваме на сите маченици и жртви на теророт на српската држава, за време на 1998 и 1999 година. Се присетуваме на оние кои беа убиени и масакрирани поради тоа што биле Албанци“, рече Тачи.
„Српската држава изврши геноцид и етничко чистење на Косово. Протера илјадници Албанци надвор од Косово и ги крадеше имотите на нашите граѓани. Никогаш нема да заборавиме“ рече Тачи.