Илјадници ученици од германските училишта се собраа денес на митингот во Берлин, барајќи акција против климатските промени.
Протестната прошетка покрај зградата на владата ја предводи шведската тинејџерка Грета Тамберг (16), која ги инспирираше демонстрантите преку организирање неделни „школски штрајкови”.
Протестите наречени „Петок за иднината”, кои студентите ги организираат еднаш неделно, наидоа на поддршка од германските политичари иако некои ги критикуваат бидејќи протестираат за време на часовите.
Канцеларката Ангела Меркел рече дека протестите претставуваат „многу добра иницијатива”, објави АП.