Британскиот Парламент денеска по третпат го отфрли договорот за Брегзит, кој со Европската унија го договори премиерката Тереза Меј.
Со 344 гласа против и 286 „за” договорот не е усвоен во британскиот Парламент.
Тереза Мај вели дека импликациите од неизгласувањето се „сериозни”.
Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ денеска, но доби пролонгирање до 12 април. Британија може да побара повторно продолжување на рокот за напуштање на Унијата, но за тој период нема да има доволно време за да се склучи нов договор.
-Се плашам дека во овој (Парламентарен) дом ги достигнавме границите на овој процес, истакна Меј, потенцирајќи дека ќе продолжи да инсистира на „уреден” Брегзит.
Лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин потенцира дека договорот мора да биде изменет. – Ако Меј тоа не може да го прифати, таа мора да се повлече и да дозволи државата да одлучи преку предвремени парламентарни избори.