Членовите на германскиот индустриски метал бенд „Рамштајн“ предизвика гнев во јавноста со објавувањето на видеоснимка на песната „Deutschland”, со која го промовираат својот нов албум, каде што членовите на бендот се појави облечени како затвореници во концентрационен логор со омча околу вратот.
На снимката особено реагираа еврејските заедници и политичарите кои ги обвинија рокерите дека го тривијализираат холокаустот, пренесува Би-би-си.
На почетокот од снимката, еден од членовите на бендот е облиен со крв која му тече низ лицето и стои под бесилка.
Гитаристот Пол Ландерс има Давидова ѕвезда која ја носи на градите над натписот „Deutschland”.
Шарлота Кноблох, која го преживеала холокаустот и поранешна претседателка на Централниот совет на Евреите во Германија, за весникот „Билд“ рече:
„Со ова видео, групата ги премина сите граници. Инструментализацијата и тривијализацијата на холокаустот, како што е прикажано на снимката, е неодговорна“.
Владиниот повереник за анти-семитизмот Феликс Клајн, изјави дека видеото е „невкусно експлоатирање на уметничката слобода“.
Членовите на бендот сè уште не реагирале на критиките.