Седум лица биле лесно повредени во пет од вкупно десет сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 35 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за не носење заштитен шлем, шест возачи за не користење сигурносен појас и 15 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Од сообраќај биле исклучени 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници, како и 22 нерегистрирани возила.
Санкциониран е и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.
Затекнати биле 100 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети биле 66 возила.
Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Климент Охридски ” на подрачјето на општина Кисела Вода, со ученици од четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).