Европска Унија го продолжи мандатот на поморската мисија „Софија“

Европска Унија денеска официјално го продолжи мандатот на поморската мисија „Софија” за фаќање шверцери на мигранти на Медитеранот , иако не може да распореди бродови поради спорот со италијанската влада.

Седиштето во ЕУ денеска објави дека операцијата „Софија”, која се занимава со фаќање на шверцери, обука на либиската крајбрежна стража и спроведување на ембаргото за оружје во Либија, ќе биде продолжена до 30 септември, објави АП.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, во средата рече дека операцијата не може да ги исполни своите задачи без поморски средства.

Со операцијата „Софија“ командува Италија, но нејзината антимигрантска влада одбива да им дозволи на бродовите да ги истоварат мигрантите во италијанските пристаништа.

Треба да знаете
Последни објави