Маја Радановиќ (33) имаше дури 272 килограми. Нејзините родители се преселија од Србија во САД во потрага по подобар живот, а Маја е родена во Портланд. Нејзината приказна беше објавена во шоуто на ТЛК „My 600 lb life“.
„Виновник за мојата тежина во голем дел е моето српско потекло. Кај оваа нација сè се врти околу храната. Виновник е и фактот што моите родители се разведоа уште кога бев мала. Мајка ми мораше да работи многу, и јас бев осамена и се чувствував удобно во храната. Заминувањето на татко ми беше многу тешко за мене, и уште од мојата десетта година почнав да се дебелеам. На почетокот на средното училиште имав 136 килограми, а на крајот 181 кг. На возраст од 24 години имав 226 килограми. Кога ќе се разбудам наутро, најпрво му се заблагодарувам на Бога што сум се уште жива. Моето здравје е во катастрофална состојба. Ситуацијата беше сè полоша од ден на ден. Имаше денови кога не можев да се истуширам”, рече Маја.
На почетокот на снимањето на емисијата Маја имаше момче Кристијан кој набргу потоа раскина со неа.
„Имав едно момче со кое бев во врска четири години, бевме свршени, но тој ме остави зашто се плашеше дека поради мојата тежина нема да можам да раѓам“ рече Маја.
Со помош на лекар таа успеа да ослаби 90 килограми и го сподели својот напредок со следбениците на социјалните мрежи. Маја се придржува кон строгиот режим на исхрана и сега е релативно задоволна. Таа вели дека веќе не ја болат толку многу нозете и колковите и дека конечно може да живее нормално.