Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ даде интервју во кое, меѓу другото, се осврна и на тврдењата дека ја естрадизирала функцијата на претседател.
Во таа смисла таа рече дека нејзина задача е да ја претставува Хрватска во најдобра светлина, и додаде дека смета дека нејзината поддршка на фудбалерите била добро примена во целиот свет.
„Кога зборувате заестрадизација, би сакала некои од медиумите да престанат да ја тривијализираат конкретната државничка работа низ призмата на облекување, фризури, диета и слични неважни теми кои не ги наметнувам јас”, рече таа.
Таа додаде дека тоа е неподнослив сексизмот и дека нејзиниот изглед е главна тема, без разлика како изгледа и колку килограми има.
Тааа порача дека на тој начин „целосно се миноризира и игнорира содржината, како и резултатите од она што е направено“.
На крајот на оваа тема за „Нови лист“ заклучи дека не може да се сети дека нејзините претходници биле толку медиумски експонирани поради облеката, чевлите и слично.