Централната џамија во Лондон е блокирана откако во нејзина близина е пронајден маж со убодни рани во Риџент парк во центарот на градот.
Британските медиуми наведуваат дека мажот бил избоден со нож во близина на џамијата, и дека напаѓачот се обидел да се сокрие внатре.
,,Можеме да потврдиме дека овој инцидент не е поврзан со тероризам”, велат од лондонската полиција.
Напаѓачот побегнал, а полицијата трага за него во поширокото подрачје на Лондон. Нема информации за здравствената состојба на повредениот.