Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе одржи јавен состанок, на кој во пресрет на кампањата за претседателските избори 2019 година и за локалните избори во три општини, ќе потсети на правилата кои се однесуваат на радиодифузерите за изборно медиумско претставување, со посебен фокус на имплементацијата на одредбите за платено политичко рекламирање.
Ова е прв јавен состанок на Агенцијата годинава, и како што е најавено, директорот Зоран Трајчевски ќе ги претстави реализираните активности на Агенцијата за првиот квартал во 2019 година.
Седницата ќе може да се следи во живо и на ЈуТјуб каналот на Агенцијата.