Уставниот суд на БиХ повторно го оспори Денот на Република Српска

Уставниот суд на Босна и Херцеговина го оспори Законот за Денот на Република Српска – 9 јануари, разгледувајќи по барањето за оценка на уставноста за Денот на Република Српска, што во јануари го поднесоа девет делегати – Бошњаци и Хрвати.

Претседателот на Уставниот суд на БиХ, Златко Кнежевиќ објасни дека е усвоено барањето на делегатите, дека Судот ја прогласил за неуставна одредбата за 9 јануари како Ден на Република Српска и ја поништил.

„Од следниот ден оваа одредба ќе престане да важи“, изјави Кнежевиќ за сараевската „Н1“

Треба да знаете
Последни објави