Фетел најбрз на втората тренинг сесија во Бахреин

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, постигна најдобар резултат на второто тренинг возење во рамките на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.

Втор најбрз круг извози неговиот тимски колега Чарлс Леклир. Трет заврши пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Пласман на првите десет на вториот тренинг возен попладнево:

  1. Себастијан Фетел (Ферари) – 1.28.846 минута
    2. Чарлс Леклер (Ферари) + 0.0354 секунди
    3. Луис Хамилтон (Мерцедес) + 0.603
    4. Валтери Ботас (Мерцедес) + 0.711
    5. Нико Хулкенберг (Рено) + 0.823
    6. Макс Верстапен (Ред Бул) + 0.879
    7. Кевин Магнусен (Хас) + 1.154
    8. Ландо Норис (Мекларен) + 1.171
    9. Ромен Грожан (Хас) + 1.222
    10. Даниел Квајт (Торо Росо) + 1.247.
Треба да знаете
Последни објави