Папата Франциск пристигна денеска во Мароко каде на аеродромот во Рабат беше пречекан од кралот Мохамед VI, а во центарот на дводневната посета на оваа земја со умерен ислам ќе биде меѓурелигискиот дијалог и миграциски прашања, кои се два од приоритетите на Франциск.
По средбата, мароканскиот крал и папата во конвој заминаа до големата Еспланада во Рабат, каде што има џамија и мавзолеј, а потоа разговараа во четири часот во Кралскиот дворец.
И покрај импресивниот број на членови на безбедносните сили, еден човек од масата се упати кон кон возилото на кралот Мухамед, но чуварите брзо реагираа и го оддалечија, покажаа телевизиските снимки. Кралот стоел застанат во автомобилот со отворен и ги отпоздравувал луѓето, но не е јасно што сакал човекот, пишува агенцијата Ројтерс.