Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ во интервју за „Нови лист” вели дека медиумите со пишувањето за нејзината облека и фризура, го игнорираат она што таа го работи, оценувајќи дека функционира претседател се претвора во естрада.
Грабар-Китаровиќ порача дека нејзина задача е да ја претставува Хрватска во најдобро светло, а додаде и оти верува дека нејзината поддршка на хрватските фудбалери била добро примена ширум.
-Кога зборуваме за „естрадизација” на политичка сцена, и јас би сакала дел од медиумите да престанат да се занимаваат со тривијални теми и конкретната државничка работа да ги гледаат низ призма на облекување, фризури, диети и слични неважни теми, кои јас не ги наметнувам, вели хрватската претседателка.
Таа додаде дека е „речиси неподнослив сексизам” нејзиниот изглед да биде главна тема, како и да изгледа и колку и да има килограми.
Грабар-Китаровиќ порача дека со тоа „целосно се намалува и игнорира содржината и резултат на она што таа го прави.”
Таа вели дека не можеше да се сети оти нејзините претходници биле толку многу медиумски експонирани поради костуми и чевли.