Најмалку 35 лица загинаа во поплавите во Авганистан, а неколкумина се исчезнати. Портпаролот на авганистанскиот Национален управен орган за справување со катастрофи, Хашмат Бахадури, изјави дека најмалку 12 лица загинале во поплавите во северната провинција Фарјаб и 10 лица во западната провинција Херат. Осум лица починале во провинцијата Бадгис на запад, а петмина во провинцијата Балк на север.
Поплавите предизвикаа големи штети врз домовите, а целосно се уништени 3.000 куќи. Уништени се и неколку историски локации, илјадници хектари обработливо земјиште, мостови и автопатишта.