Неделава во Лондон беа наградени најдобрите аеродроми во светот. Се работи за наградите „World Airport Awards“ кои ги доделува „Skytrax“ од 1999 година.
Наградите се доделуваат врз основа на темелни анкетирања на патници, а годинава листата беше составена врз база на гласовите на 13,5 милиони патници, пренесе „Индекс.хр“.
Првото место го освои аеродромот Чанги во Сингапур, а зад него се аеродромите Ханеда во Токио и Инчеон во Сеул. На четвртата позиција е аеродромот Хамад во Доха, а на петтото Хонг Конг. По нив следат аеродромите Центрер во Нагоја, Мунич, лондонскиот Хитроу, Токио Нарита и Цирих.
Oд регионот помеѓу најдобрите 100 се наоѓа само аеродромот во Атина.