Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија била јасна кога станува збор за целта на специјалците кои се испратени во Венецуела според договорот за воена соработка, отфрлајќи ја загриженоста на САД поради нивното присуство.
„Руската страна јасно ја назначи целта на своите специјалци во Каракас. Тука не станува збор за било какви воени контингенти“, соопшти Захарова во изјавата.
„Значи, шпекулациите за изведување на одредени воени операција на Русија во Венецуела се без никаква основа“, додаде таа.
Русија соопшти дека нејзините специјалци не претставуваат никаква закана за регионалната стабилност.