Пожарот кој вчера избувнал во Националниот парк Галичица се уште е активен, информираат од МВР.
-На 29.03.2019 во 10.27 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на село Покрвеник, ресенско, настанал пожар во кој била опожарена сува трева. Околу 18.30 часот пожарот се проширил кон националниот парк „Галичица“. Екипи на Територијалната противпожарна единица Ресен преземаат мерки за гасење на пожарот. За пожарот е известен Центарот за управување со кризи, велат од МВР.
Вчера во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот кој води кон село Раовиќ, скопско, избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума на околу 1.000 метри квадратни. Во 11.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
-На 29.03. 2019 во 15.45 часот во Полициската станица за граничен надзор Рогачево било пријавено дека покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина село Старо Село, настанал пожар во кој горела нискостеблеста шума и други видови шумска маса, со тенденција да се прошири во повеќе правци поради силен ветер. За пожарот биле известени Територијалната противпожарна единица Тетово и Центарот за управување со кризи. Се преземаат мерки за гасење на пожарот, велат од МВР.