На Големата сцена на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес вечерва со почеток во 20 часот ќе гостува македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски со неговото најново стендап шоу „Вештачка интелигенција природна глупост”.
Зошто и се случува ова на Македонија, дали љубовта е совршена и како ни влијае утринската програма на ТВ се само дел од темите во ова пеколно смешно стендап шоу во кое еден човек со микрофон 75 минути ја исмева човечката глупост.
Билетите за шоуто се веќе во продажба на билетарницата на театарот.