Економијата е пред колапс. ИТ индустријата само во месец јануари забележа пад од неверојатни 16 проценти, платите на вработените во индустријата бележат пад од катастрофални 300 евра. Наместо инвестиции на гигантите Фејсбук и Гугл како што вети Заев, ИТ индустријата стана уште една жртва на Заевизмот. Станува збор за една од најпрофитабилните индустриски гранки во светот, а ваквиот пад е доволен доказ дека економските политики на владата се погубни, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
,,Додека фирмите на Заев прават профит од 100 милиони евра годишно, обичниот човек се бори за парче леб. Додека кланот Заеви ги шири своите бизниси во соседството, со цел да ги избегне погубни политики на власта која тој ја предводи, истото го прават и илјадници млади граѓани на Македонија кои секојдневно ја напуштаат државата.
Речиси 500 илјади Македонци живеат на работ на сиромаштијата, речиси 500 илјади граѓани се борат за гол живот. Заев не ги врати парите кај граѓаните како што ветуваше, Заев единствено ги наполни своите и џебовите на партиските пајташи кои го доведоа на власт. Ова мора да запре, Македонија мора да се врати на вистинската патека. На патеката на економски просперитет и добробит за сите граѓани, на црнилата мора да им се стави крај. Зората ќе изгрее кога Зоран Заев ќе замине во политичка пензија”, се додава во соопштението.