Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија прво била во конкуренција помеѓу осум, а сега е помеѓу пет земји во кои би дошол германскиот автомобилски гигант „Волксваген“.
„Се надевам дека ќе влеземе во последните три, а потоа и во последните две земји“, изјави Вучиќ.
Истакна дека ако „Волксваген“ дојде во Србија, тоа ќе биде најголем резултат.
„Ако случајно успееме, тоа ќе биде најголем резултат и тогаш со гордост можам да кажам дека ја завршив својата работа“, рече Вучиќ, пренесе „Онаса“.