Меси двоен стрелец во триумфот на Барселона над Еспањол

Лионел Меси уште еднаш го предводеше својот тим Барселона до победа во шпанската Примера, откако попладнево ги постигна двата гола за Каталонците против Еспањол на „Камп Ноу.

Аргентинецот сезонава досега има 29 погодоци.

За Барса ова беше 21-ва победа во 29-от натпревар од домашниот шампионот по која се зацврсти на првото место со 69 бода, 13 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид и 15 от третиот на табелата, тимот на Реал Мадрид.

На првиот денешен дуел во Примера, Хетафе – Леганес 0:2

Треба да знаете
Последни објави