Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, одби да одговори категорично дали ќе продолжи да го води тимот следната сезона. Тој е на мислење дека само шефот Даниел Леви може со сигурност да одговори на ова прашање.
– Мојот престој во Тотенхем не зависи само од мене и од мојата желба, треба да го прашате Даниел Леви. Да, тој не престанува да кажува дека е задоволен со мене и ми го кажува тоа во лице, но во фудбалот може сè да се случи и јас сум свесен за ова. Исто така знам дека клубот е поголем од еден човек, еден играч, менаџер. Секој ден се чувствувам како да треба да се докажам во својата работа, дека заслужувам да останам, рече Почетино за Скај Спортс..
Тој додаде дека сепак тоа не значи дека не се чуствува удобно на чело на лондонскиот тим.
– Токму напротив. Не сакам сега да ветувам на навивачите дека, да, ќе бидам тука и следната сезона, бидејќи Леви може да одлучи поинаку и да процени дека не е задоволен од мојата работа. Секогаш мислам дека мојот следен ден може да ми биде последен во Тотенхем и така се оддржувам на ниво, вели тренерот на „петлите”.