Змии отровници, гуштери, змијски отров, марухуана и печурки кои содржат психоактивни супстанци биле пронајдени во еден стан во Загреб, соопшти загребската полиција.
Сопственик на станот бил 30-годишен маж, кој бил уапсен од страна на полицијата, а чувал две змии, од кои една кобра, две змии кои не биле отровни и змиски отров.
За време на претресот била пронајдена голема количина на марихуана и сушени печурки кои содржеле психоактивни супстанци, пренесоа хрватските медиуми.