За време на посетата на папата Франциск во Мароко, еден маж се стрчал кон автомобилилот во кој се наоѓал кралот на Мароко, Мухамед VI, но бил совладан од страна на обезбедувањето.
Како што јави „Ројтерс“, до инцидентот дошло додека кралот седел во возилото кое се движело во колоната во која бил и автомобилот на папата.
Возачот на мароканскиот крал го забрзал возилото, но немало никакви други знаци за проблеми во протоколот. „Ројтерс“ нагласи дека засега не е познато што се обидувал да направи мажот.