„Не можев да го посетам Џулијан речиси една година…“ вака почнува статусот што Памела му го посвети на Асанж, основачот на „Викиликс“.
Пред речиси две години американско-канадската секс-бомба Памела Андерсон ја поврзуваа со основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, па дури се зборуваше дека таа го посетила во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што тој доби заштита и азил.
Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ на „Твитер“ напиша емотивен статус за Асанж.
„Не можев да го посетам Џулијан речиси една година… На сите им недостига неговиот глас. Ми недостига неговата насмевка, неговата непослушна насмевка и неговото љубопитно и момчешко чудо. Уникатно силен и посветен човек. Ти благодарам за твоето жртвување. Знам дека си добро и дека ќе се видиме повторно“, напиша Памела.
Памела Андерсон е во врска со фудбалерот Адил Рами, кој е 18 години помлад од неа.
I have not been able to visit Julian for one year …
We all miss his voice ..
I miss his laugh,
his mischievous smile
and his curious and boy-like wonder. A uniquely strong and dedicated man.
Thank you for your sacrifice.
I 🙏 you are well. And-
that I will see you soon. pic.twitter.com/e7EUfWVEZc— Pamela Anderson (@pamelaanderson) March 29, 2019