Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со земјоделци и граѓани од Чешиново-Облешево оцени дека пласманот на оризот минатата и оваа година е на многу лошо ниво. Тој рече дека иако е во тек спремањето на полето за идната реколта на оризот, во амбарите стојат неоткупени преку 40 проценти на оризова арпа.
„Она што од тука исто така сакам да го потенцирам е дека во целината земјдолеството и сточниот фонд во овој регион е намален за повеќе од 60 проценти. Имаме поплаки за неисплатени односно намалени субвенции. Иако владата постојано се фали дека се реализирани програмите за субвенции, гледаме дека директно од теренот земјоделците кажуваат дека тоа не е така“, рече Трипуновски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ова не е слика само во Чешиново – Облешево, туку насекаде земјоделците се соочуваат со многу лоша година.