Владата демантира дека Заев ја пријавил мајката на Пино за вознемирување

Владата демантира дека премиерот Зоран Заев ја пријавил за вознемирување мајката на исчезнатото момче Пино, Маја Трпковска.

-Не е точно дека премиерот ја пријавил Трпковска. Единствено е точно дека госпоѓата испраќала пораки, по што јавно го објавила телефонскиот број на премиерот, но не била пријавена ниту за вознемирување, ниту за било што друго, велат од Владата.

Таа на вчерашниот протест повтори дека нема ништо ново во истрагата со исчезнувањето на нејзиниот син. На прашање на новинарите рече дека не комуницирала со премиерот, ниту со министерот Оливер Спасовски.

-Не се видовме со премиерот, но тој ме пријави. На човек кој плаќа даноци на оваа држава премиерот го пријавува. Требаше да си земам една копија и да си ја врамам за во дневната соба бидејќи Заев е највисоката личност која ме пријавила за вознемирување до сега, рече Маја.

 

Треба да знаете
Последни објави