Земјоделците станаа жртви на заевизмот, на лагите и манипулациите, на неправдата и неисполнетите ветувања, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата потенцира дека последни жртви на заевизмот се оризарите кои, како што вели ВМРО, се соочуваат со катастрофален откуп на оризот.
„Амбарите се полни, земјоделците немаат каде да ги продадат производите од ланската година, а веќе ги подготвуваат нивите за нова реколта. Оваа култура како и сите други култури се соочува со катстрофален откуп. Власта ветуваше загарантиран откуп и повисоки цени, а наместо тоа го клекна земјоделството на колена“, истакна ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај оризарите, додаваат од партијата, веќе две години проблем со откупот имаат и производителите на праски, јаболка , а пад во производство има буквално кај сите земјоделски производи.