Претставниците на црногорската опозиција и организатори на протестите „Спротивстави се 97.000″ синоќа на седмиот протест во Подгорица потпишаа „Договор за иднината”.
Опозицијата повторно побара оставки од претседателот, од премиерот, од специјалниот и од главниот државен обвинител, како и од раководството на Радио телевизија Црна Гора.
„Договорот за иднината” го потпишаа пратениците на Демократски фронт, Демократска Црна Гора, Социјалдемократската партија, Социјалистичка народна партија, Демос и независните пратеници, како и организаторите на протестот.
Во Договорот се наведува дека потписниците ќе се залагаат за формирање на Влада на граѓанско единство, чија задача ќе биде одржување на фер и слободни избори.
Потписниците се обврзаа и на бојкот на сите избори се до исполнување на нивните барања