Стоилковски: Пред избори распишан оглас за 22 времени вработувања во Царинската управа

Порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција посочи на оглас за вработување во Царинската управа. Стоилковски вели дека огласот е распишан во предизборен период, што е можност да се разгледува како поткуп во изборни цели.

„Министерството за финансии Бирото за јавни набавки на 28 Март, три дена пред почеток на претседателската кампања бара 22 времени вработувања во Царинската управа. 22-ца времено ќе бидат ангажирани во Царина, за кои што понудите ќе бидат доставени до 18ти април, три дена пред првиот круг на претседателските избори. Еве ја понудата во пари тешка над 2 милиони, 203 илјади денари но, во етичка и уште повеќе во правна смисла многу потешка“, рече Стоилковски.

Тој оцени дека огласот претставува уште еден доказ за корупција во изборни цели, времени вработувања кои треба да бидат мамка за гласање за можност за постојани вработувања.

Треба да знаете
Последни објави