Непознато лице фрлило молотов коктел на избирачко место во покраината Чернигов, во северна Украина каде денеска се одржуваат претседателски избори .
Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека за среќа никој не е повреден во инцидентот.
Пожарот бил изгаснат и гласањето не било прекинато.