Четворица Палестинци загинаа во вчерашните протести во Газа

Четворица Палестинци, од кои тројца тинејџери се убиени, а уште 40 се ранети со огнено оружје во саботата во судирите со израелските сили на границата меѓу Израел и Газа за време на протестите во знак на одбележувањето на годишнината од протесното движење „Голем марш за враќање“ со кој се одбележува егзодусот на стотиците илјади Палестинци по војната од 1967 година. На протестите учествувале над 40.000 Палестинци, а поврдени се над 300 учесници. Ситуацијата ескалираше утрината откако в зори пред глвниот протест беше убиен првиот демонстрант-20 годишниот Мухамад Саад. Останатите тројца се 17 годишници, од кои двајца заинале на самото место.

Според Хамас, Израел не се држел додоговореното да не отвора оган бидејќи организаторите на протестите имале лица во портокалови елеци, кои се грижеле протестите да останат мирни. Од друга страна, израелската војска тврди дека од неколку пункта биле флрани камења и импровизирани експлозивни направи преку границата на што било одговорено со оган. Сепак, двете страни се согласни дека Израелците користеле помалку „жива“ муниција отколку вообичаено.

 

Треба да знаете
Последни објави