Првиот човек на Република Тува, која се наоѓа на крајниот јужен Сибир, Шолбан Кара-Оол за ,,Спутник” открива како рускиот претседател Владимир Путин го поминува одморот за време на Краснодарскиот економски форум.
,,Наутро на пример, за појадок особено, господин Шојгу вари кафе во ѓезве. Тој право одлично кафе на логорски оган. Се гордеам што и јас начив така да го подготвувам кафето. Кафето со шеќер посебно се карамелизира, по што се додава вода и млеко и се остава да проврие”, вели Кара-Оол.
Покрај тоа, рускиот претседател го сака националниот чај од Тува, кој се прави по рецепт на бабата на првиот човек на Тува.
,,Најважната состојка е водата. Ние земаме вода од извор и зелен чај. Го ставаме чајот, малку посолуваме, и чекаме да зоврие, по што му се додава млеко. Се остава малку да провие по што може да му се додаде и путер”, вели соговорникот за ,,Спутник”.