Реал Мадрид заостанува 15 поени од лидерот Барселона и на сите им е јасно дека нема начин како да стане шампион, но сепак Зинедин Зидан си поставил за задача да победи на сите 10 средби во Ла Лига до крајот, пишува „АС”.
Францускиот стратег веќе докажа дека може да го постигне тоа, откако во пролетта 2016 година беше безгрешен во 10-те натпревари до крајот. Тогаш тоа ги стави каталонците под напон, но на крајот титулата заврши на „Камп Ноу” само заради бод повеќе.
Разликата е во тоа што при предметното назначување на Зизу, Реал заостануваше само 5 поени од Барса, а сега тренерот беше „пречекан” со – 12 разлика.