Кобна грешка: Хрват набрал билка и ја изел, па набрзо починал
Во болница во Хрватска 60-годишен маж починал откако изел билка која ја набрал во природа мислејќи дека е сремуш.
Човекот починал поради труење од билката наречена мразовец, соопштила полицијата која ја потврдила веста и рекла дека истрагата е во тек.
Тоа е прва трагедија оваа година поради конзумирање на самоникната билка, во овој случај отровен мразовец кој мажот го заменил со лековитото и самоникливо растение, билката сремуш.
Двете билки имаат слични листови, но мразовецот е отровен ако се конзумира во голема количина, а труењето може да доведе до смртен исход како во случајот на овој маж.