Мадрид: Протести против зголеменото доселување во големите градови

 Илјадници Шпанци се собраа денеска на улиците на Мадрид со барање до Владата да преземе чекори за запирање на депопулацијата на руралните области.

Маршот е организиран од движења кои доаѓаат од руралните области на таа земја, а неговата цел е да привлече внимание кон проблемот со зголемената имиграција на жителите во големите градови во Шпанија.

-Веќе не сакаме празни ветувања, сакаме инвестиции, порачаа собраните граѓани.

Во Шпанија, 90 отсто од населението живее на 30 отсто од нејзината територија, пред се во Мадрид и во крајбрежните области, додека преостанатите површини остануваат празни.

Околу 80 проценти од селата и градовите со помалку од илјада жители се соочуваат со ризик да останат целосно празни.

Шпанската Влада во петокот објави мерки за подобрување на интернет-мрежата во руралните средини.

Маршот доаѓа пред парламентарните избори што ќе се одржат во Шпанија на 28-ми април.

Треба да знаете
Последни објави