„Ми приоѓаат и ме прашуваат што не е во ред со мојата ќерка“ – исповед на мајка чие дете боледува од редок синдром

„Ми приоѓаат и ме прашуваат што не е во ред со мојата ќерка“ – исповед на мајка чие дете боледува од редок синдром

Мајка на девојче од Јоркшир тврди дека косата на нејзината ќерка изгледа како коса од трол кукла поради редок синдром, а дека неретко се соочува и со навреди и злобни коментири.

7-годишната Вајнтер Сејмор има Синдром коса која е невозможно да се исчешла, а за кој се смета дека погодува само 100 луѓе ширум светот.

„Девојчето е родено со црна густа коса, но одеднаш почна да ѝ расте руса, нежна коса поради која делива како пиле“, вели нејзината мајка, 33-годишната Шарлот Сејмор.

Девојчето привлекува внимание каде и да оди, додека непознати лица редовно ѝ приоѓаат на нејзината мајка да ја прашаат: „Што не е во ред со нејзината коса“ и дури ја напаѓаат мајката дека го занемарува детето. Мајката вели дека Шарлот е дете кое ужива во вниманието кое го добива.

Шралот долго не знаела дека ќерка ѝ пати од било каков синдром.

Се обидувала и испробувала разни средства за да ѝ ја расчешла косата, но ништо не успевало. Така пребарувајќи на интернет во потрага по решение, всушност наишла на проблемот.

„Косата ѝ е луда. Како да се собира и на средина има милион луди прамени. Навистина не можеш да повлечеш чешел низ неа. За училиште ѝ ја собирам за да ѝ ја тргнам од пред очи“, рекла мајката.

Треба да знаете
Последни објави