Летното сметање на времето во Европа почна со поместување на стрелките на часовниците за еден час нанапред.
Во 2 часот утрово, часовниците се поместија за еден час, на 3 часот.
Претходно неделава, парламентот на ЕУ гласаше да се укине летното и зимското сметање на времето почнувајќи од 2021 година. Според предложениот амандман, владите што планираат трајно да останат во летно сметање на времето треба да ги наместат своите часовници во последната недела во март 2021 година, а оние што го претпочитаат зимското сметање на времето треба да го наместат часовникот на последната недела од октомври 2021 година.