Скопјанка била тешко повредена откако бил прегазена од автомобил, вчера во скопска Гази Баба, информираше МВР.
-На 30.03.2019 во 21.30 часот на улица Душан Тасковиќ во Скопје, автомобил „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(42) од Скопје, удрило во пешакот Н.Ќ.(70) од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Н.Ќ. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.