Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Геа може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец. Според британските медиуми, ПСЖ претендира да го ангажира 28-годишен Шпанец.
Парискиот клуб е подготвен да ги исполни барањата за плата на Геа во висина од 350.000 фунти неделно.
Ако Манчестер не може да му понуди на Шпанецот таква плата, тој ќе го напушти клубот.
Неговиот договор со „црвените ѓаволи” истекува ова лето.
Трансфермаркт ја проценува вредноста на голманот на 70 милиони евра.
Оваа сезона, Де Геа настапи на 38 натпревари за Манчестер јунајтед на кои прими 46 гола.