Стапката на невработеност во Германија падна во март на нов рекорден минимум.
Според податоците на заводот за вработување во земјата, стапката на невработеност е намалена во март на 4,9 отсто од претходните 5 отсто, на најниско ниво од 1990 година.
Истовремено, малопродажбата во февруари порасна за 0,9 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво е забележан раст од 4,7 проценти.