Поранешниот светски шампион во Формула 1 и тимски колега на Луис Хамилтон во Мерцедес – Нико Розберг, верува дека неговиот наследник во тимот, Валтери Ботас малку по малку успева да „влезе под кожата” на 5-кратниот светски шампион.
Розберг успеа да го победи Британецот за титулата во 2016 година, а потоа одеднаш стави крај на неговата кариера. Во посочената сезона, Германецот успеа да ја искористи секоја грешка на својот партнер, а односите меѓу нив тотално се распаднаа. Неколкупати оттогаш Розберг истакнувал дека за да може човек да го совлада Хамилтон, мора да најде начин да му ја одземе самодовербата.
Во првиот старт во сезоната 2019, Хамилтон ги освои квалификациите во Австралија, но уште на стартот беше надминат од Ботас, кој ја освои победата на крајот. Сега во Бахреин, Хамилтон даде 3-то време во саботата, откако беше за само 66 стотинки од секундата побрз од Финецот.
– Ботас всушност се обидува да влезе под кожата на Луис. Тој дава сè од себе и врши добра работа. Почетокот секогаш се прави со мали чекори, само треба да му ја одземете високата самодоверба на Луис. Ботас го прави ова и првите сомневања кај Хамилтон веќе се забележани. Тоа е единствениот начин напред. Тоа е единствениот начин да го надминете. Мислам дека во зима, Ботас заврши одлична работа по своето „рестартирање”, рече Розберг пред „Скај Спортс”.