Весникот „Мирор” продолжува да ги објавува платите, кои им се даваат на водечките тимови во Премиер лигата. Откако пред една недела изданието извади детален список на платите во Манчестер Јунајтед, сега го направи истото и со големиот непријател на „црвените ѓаволи” – Ливерпул.
Во 2018 година, Ливерпул потроши сериозни трансфер суми за имиња како Вирџил ван Дајк и Алисон, кои се една од главните причини тимот на Јирген Клоп да води битка за титулата против Манчестер Сити годинава. Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шаќири беа другите пополнувања во текот на летото.
За време на сезоната 2017/2018, Ливерпул беше на трето место според платите на играчите во Премиер лигата, а вкупните трошоци по оваа ставка изнесуваа 208 милиони фунти. Сега износот сигурно е повисок, ако се има предвид дека главни фудбалери како Мохамед Салах и Роберто Фирмино парафираа нови договори и ќе останат на „Енфилд” до 2023 година. Логично, тие се лидери по надоместок во соблекувалната.
Целосен список на платите на Ливерпул:
Мохамед Салах – 200 илјади фунти неделно
Роберто Фирмино – 180.000 фунти неделно
Вирџил Ван Дајк – 150.000 фунти неделно
Алисон Бекер – 120.000 фунти неделно
Џордан Хендерсон – 120.000 фунти неделно
Џејмс Милнер – 120.000 фунти неделно
Наби Кеита – 120.000 фунти неделно
Даниел Стариџ – 120.000 фунти неделно
Фабињо – 100 илјади фунти неделно
Дејан Ловрен – 90.000 фунти неделно
Џорџино Вајналдум – 90.000 фунти неделно
Ендрју Робертсон – 80.000 фунти неделно
Џо Гомез – 75.000 фунти неделно
Џоел Матип – 70.000 фунти неделно
Натаниел Клајн (на заем во Бурнемут) – 70.000 фунти неделно
Адам Лалана – 65 илјади фунти неделно
Симон Мињоле – 60 илјади фунти неделно
Дани Ингс (на заем во Саутемптон) – 60.000 фунти неделно
Трент Александар-Арнолд – 50.000 фунти неделно
Алберто Морено – 40.000 фунти неделно.