Украина: Полицијата примила повеќе од 1.600 жалби за изборни нерегуларности

Украинската полиција соопшти дека примила повеќе од 1.600 жалби во врска со нерегуларностите на претседателските избори што се одржаа во земјата.

Украинското Министерство за внатрешни работи на Фејзбук информираше дека меѓу пријавените неправилности, се недозволено водење кампања на избирачките места, обиди за поткуп на гласачи и одземање на гласачки ливчиња.

Анкетите пред изборите покажаа дека меѓу 39-те кандидати најголема поддршка има актерот Володимир Зеленски, а зад него се сегашниот претседател Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

Треба да знаете
Последни објави